Дома Фудбал Италија Се одложуваат сите натпревари од Серија А следното коло

Се одложуваат сите натпревари од Серија А следното коло

Во Италија овие денови владее голема конфузија откако коронавирусот почна да се шири на северниот дел од земјата.

Поради тоа ова коло во Серија А беа одложени неколку натпревари, а најавите се дека следното 26-то коло ќе биде комплетно одложено поради коронавирусот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не мислам дека за само една недела ќе можеме да се справиме со инфекцијата толку многу за да можеме да продолжиме со спортски настани. Постојано ја следиме ситуацијата и ќе ја оценуваме. Ќе го следиме развојот на болеста и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела“, изјави премиерот на Италија.

Доколку се донесе одлука за одложување, тоа ќе влијае не само во Серија А, туку и на преостанатите дивизии, вклучително и аматерски лиги.

Натпреварот од 1/16 финалето на Лига Европа Интер – Лудогорец, кој ќе се одржи на 27 февруари, може да се игра пред празните трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…