Дома Фудбал Останато Се огласи тренерот кој го откри: Го критикуваа и навередуваа, а мојот „Џексон“ сега ја сруши славната Барса

Се огласи тренерот кој го откри: Го критикуваа и навередуваа, а мојот „Џексон“ сега ја сруши славната Барса

Рим некогаш го имаше Франческо Тори, а од вчера го слави и името на Един Џеко.

Напаѓачот од БиХ, постигна гол во првиот натпревар на „Ноу Камп“, а беше стрелец и на вчерашниот натпревар на „Олимпико“, покрај тоа изнуди и пенал.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Денес во медиумите се огласи и тренерот на сараевски Железничар, Никола Никиќ кој своевремено го откри „босанскиот дијамант“.

„Ми зборуваа зошто го повика, а мојот „Џексон“ ја сруши славната Барселона, браво момче“, напиша Никиќ на друштвените мрежи.

Иначе тој претходно објаснуваше дека своевремено не го повикал случајно Џеко во младите селекции на БиХ.

„Можам слободно да кажам дека го имам „она нешто“ да проценам играч. Кога го видов во У19 и У18 тимовите веднаш забележав за каков играч станува збор. Го повикав, а потоа бев нападнат дека добил повик само затоа што е од Железничар. Го нарекуваа со погрдни зборови и го навредуваа“, откри Никиќ за медиумите во Босна.

Денес, Џеко е еден од најценетите напаѓачи и најзаслужен што Рома ќе игра во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грилиш повеќе нема да тренира со првиот тим на Манчестер Сити

Џек Грилиш се согласи да тренира одделно од своите соиграчи во Манчестер Сити и на тој нач…