Дома Останати Тенис Се огласи организаторот: Ѓоковиќ добива специјална дозвола за настап во САД?

Се огласи организаторот: Ѓоковиќ добива специјална дозвола за настап во САД?

Се уште не е познато дали Новак Ѓоковиќ ќе учствува на мастерс турнирот во Индијан Велс и Мајами овој месец.

Властите во САД не дозволуваат Ѓоковиќ да игра на територијата на оваа држава затоа што не е вакциниран против коронавирусот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Ѓоковиќ би можел да настапи на турнирите со специјална дозвола. Новак ја доставил целата потребна документација за да му биде одобрен влез во САД и настап на мастерсите.

„Правилата официјално се менуваат на 11-ти мај, но ние од амаериканската влада побаравме исклучок затоа што не гледаме опасност. Тие тој датум го поставија поради календарот, а турнирот не можеме да го организираме после 11-ти мај. Би сакале Ѓоковиќ да игра тука, истакнавме дека за сите би било убаво Ѓоковиќ да добие дозвола за настап“, изјави Џејмс Блејк, директор на турнирот.

Ѓоковиќ во овој момент е на листата учесници, но конечната одлука ќе ја донесе Владата на САД.

„Ќе видиме што ќе се случи, за жал не одлучуваме ние. Сега е на листата, турнирот го освојуваше шест пати и би сакале да има прилика да игра за седми трофеј. Направивме се што можеме, ако на Ѓоковиќ му биде дозволено да игра на Индијан Велс, ќе бидеме спремни да го дочекаме и во Мајами“, јасен беше Блејк.

Турнирот во Мајами се игра од 22-ри март до 2-ри април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…