Иако денес е најавено дека е под знак прашалник за мечот со Челзи, Џерар Пике не е сериозно повреден и за неколку дена повторно ќе биде со тимот.
Порано денес првобитно се појави информација дека стоперот би можел да паузира и повеќе од две недели, деталните прегледи покажаа дека не е толку страшно и дека ќе биде на располагање до крајот на неделата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонските медиуми дури пренесуваат дека тој инсистира да игра во четврток против Валенсија на „Местаља“ во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралевите, но лекарите сепак предложија да одмори до викендот.
Тоа значи дека Пике би требало да биде подготвен за средбата со Гетафе закажана за в недела.
Се очекува новото засилување Мина да го замени Пике на „Местаља“, а Умтити во недела, бидејќи Французинот ја одработува суспензијата поради петте жолти картони.