Дома Фудбал Останато Се огласија ПСЖ и Нејмар, познато кога Бразилецот се враќа на терените

Се огласија ПСЖ и Нејмар, познато кога Бразилецот се враќа на терените

Најскапиот фудбалер во историјата, Бразилецот Нејмар откри кога би можел да се врати на терените после тешката повреда.

По повредата се најавуваше дека Нејмар ќе го пропушти остатокот од сезоната, но и дека неговиот настап на Мундијалот во Бразил е доведен под знак прашалник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак Нејмар денес за „ТВ Глобо“, потврди дека за еден месец најмногу би можел да се врати на тренинзите, а потоа оваа вест ја објави и неговиот клуб.

Др.Родриго Ласмар ни соопшти дека опоравувањето на Нејмар оди според планот и дека во наредните две до три недели би можел да започне со тренинзи“, стои во соопштението од ПСЖ.

„На терените ќе се вратам за еден месец. Опоравувањето оди според планот, многу брзо ќе започнам со тренинзи“, гласеше изјавата на Нејмар.

Дел од бразилските медиуми пренесуваат дека Нејмар со сигурност ќе настапи на пријателскиот натпревар против Хрвтаска на 3 јуни во Англија.

Мундијалот во Русија започнува на 14 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …