Дома Фудбал Останато Се огласија од Партизан: Откриено зошто го немало Дијабате

Се огласија од Партизан: Откриено зошто го немало Дијабате

Бурни реакции предизвика изјавата на тренерот на ФК Партизан, Игор Дулај на денешната прес-конференција за фудбалерот Фусени Дијабате.

Имено, шефот на стручниот штаб на црно-белите изјави дека Дијабате не е со тимот и не знае каде е. Откако заврши репрезентативната пауза сите фудбалери се вратија во клубот освен Дијабате кој отпатува да игра за Мали, но тој не се појави.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Уште повеќе чудно беше што тој воопшто не беше во составот на Мали. Сега мистеријата ја откри генералниот директор на Партизан, кој откако завршила денешната прес-конференција успеал да стапи во контакт со фудбалерот.

Во изјава за „Информер“, Милош Везура откри дека Дијабате во клубот ќе се врати во недела

„Починала бабата на Дијабате, тој ќе се врати во недела“, изјави Везура.

Ова значи дека Дијабате сигурно нема да игра за Партизан на натпреварот за викендот кога црно-белите во сабота гостуваат во Нови Сад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…