После седум натпревар без победа Хуеска вчера во рамките од 34-тото коло во Ла Лига го совлада Еибар.
Хуеска триумфираше и така остана во каква-таква игра за опстанок, иако има пет бодови помалку во однос на Леванте и Жирона, а за славје над Еибар најзаслужни беа Енрик и Авила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До победата Хуеска дојде на навистина феноменален начин. Головите кои им ги донесоа трите бода беа спектакуларни.
Прво во 54-тата минута Енрик мајсторски после нафрлувањето од десната страна постигна гол со пета и тоа топката помина низ нозете на дефанзивецот и голманот на Еибар, за три минути подоцна Авила во стил на Зидан со волеј од фудбалските учебници ги постави конечните 2:0.