Златан Ибрахимовиќ каде и да се појави привлекува огромно внимание, па така е и во САД.
Швеѓанецот во секој момент пронаоѓа начин да привлече големо внимание, како поради одличните настапи на теренот, така и по интересните изјави кои стануваа се почести.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговите фудбалски квалитети не треба да се трошат многу зборови, а познат е и по тоа што „без влакна на јазикот“. Во САД скоро и да не поминува ден без одличниот напаѓач на Галакси да ги насмее Американците.
Но, сега изгледа се надмина и себе си!
Знаете ли како Ибра би придонел за фудбалот во САД да се подигне на повисоко ниво?
„Да не бев оженет, би го ширел своето семе по САД и така би помогнал во развојот на фудбалот во Америка“, изјави Ибрахимовиќ, па се надополни.
„Сопругата ме праша дали се шегувам, но јас и кажав дека сум сериозен. Но сеедно, ништо од банката за размножување на Златан, единствено мојата сопруга ги добива моите „инвестиции“, гласеше новата урнебесен изјава на Швеѓанецот.