Дома Топ вести Се забавувал до раните утрински часови и ветувал „Ролекси“ – Винисиус немал дилеми дека тој е победникот!

Се забавувал до раните утрински часови и ветувал „Ролекси“ – Винисиус немал дилеми дека тој е победникот!

Шпанецот Родри вчера ја освои „Златната топка“ на церемонијата во Париз, а новинарот Хозе Луис Санчез открива дека „кралевите“ им откриле на „граѓаните“ дека токму нивниот фудбалер е добитникот.

До последниот ден Винисиус Жуниор важеше за главен фаворит за престижната награда, меѓутоа на крајот Бразилецот остана без престижното признание. Во Реал Мадрид и го откажаа присуството на церемонијата во Париз откако до нив пристигнала информацијата дека Родри е победникот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпански „Релево“ пишува и дека Винисиус претходно подготвил голема забава по повод освојувањето на Златната топка. По тешкиот пораз од 4:0 во Ел Класико од Барселона, Винисиус и се забавувал до раните утрински часови, додека на пријателите им ветувал „Ролекси“ по повод „Златната топка“.

Но, во текот на вчерашниот ден претседателот Флорентино Перез му потврдил дека никој не сакал да му ги даде резултатите предвреме, а тоа значело дека Родри може да го престигне. На крајот тоа и се случи.

Кога се им било потврдено тие донеле одлука за бојкот, додека Винисиус морал да ги откаже големите планови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија и во поразот од Литванија има кошаркар во топ 5

Ако во некој пораз има и некои добри моменти, тогаш на мечот Македонија-Литванија може да …