Дома Фудбал Се е спремно за разделба: Вавлерде заминува на крајот на сезоната!

Се е спремно за разделба: Вавлерде заминува на крајот на сезоната!

Еминентниот шпански весник „АС“ тврди дека оваа сезона ќе биде последна за Ернесто Валверде на чело со Барселона.

Весникот тврди дека раководството веќе донесло конечна одлука за иднината на Валведе и сигурно нема да му го го продолжуваат договорот на крајот на сезоната, дури и ако Каталонците ја освојат Лигата на шампиони.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Договорот на 55-годишниот стратег има опција што овозможува да се продолжи за уште една година, но Барселона нема да ја активира. На „Камп Ноу“ сакаат следната сезона тимот да го води Роналд Куман, кој моментно е селектор на Холандија.

Холанѓанецот сигурно нема да го одбие повикот од Барса, клубот каде помина славни денови како играч.

Холанѓанецот се поврзуваше со столчето на „Камп Ноу“ уште минатата година по елиминацијата од Ливерпул во ЛШ и неуспехот во финалето на домашниот Куп, но тој претпочита да ја продолжи својата работа со репрезентацијата.

„АС“ тврди дека многу е веројатно на лето, после Европското првенство, Куман да се пресели на кормилото на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…