Дома Топ вести Се е против „кралевите“, ќе чека ли Реал седум години на нова титула?

Се е против „кралевите“, ќе чека ли Реал седум години на нова титула?

Навивачите се разочарани, Зидан е удар…

Дали Реал Мадрид ја изгуби борбата за титулата?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Голем дел од јавноста тврди дека е така, осумте бодови предност кои ги има Барселона се голема предноста, од друга страна историјата е против „Лос Бланкоси“, тие никогаш не успеале да надополнат волку голема негатива.

Ова е најлош старт уште од последната сезона Мурињо, тогаш трката за титулата беше изгубена исто така во доцна есен, а на крајот покојниот Тито Виланова со Барса ја освои титулата со огромни 15 бодови предност.

Реал со ваков старт еднаш ја освои титулата, тоа беше во вториот мандат на Капело во 2006 година. Тогаш имаа 20 бодови од 10 натпревари, но Барса имаше само три бодови повеќе.

Поразот во Жирона покажува дека во Реал не функционира ништо. Повредите се редат една по друга, а замени нема, погодувате кој беше обвинет.

Сега се е против Зидан, секоја негова одлука длабоко се анализира, но во Шпанија тоа едноставно е така. Го обвинуваат што Реал го напуштија квалитетни фудбалери како Мората и Родригез, но и што не доведе нов напаѓач.

Но, сега е доцна, се покажува на тоа дека Барселона во оваа форма со 28 постигнати погодоци и без некоја посебна игра, освен што Лео Меси го „влече“ тимот не може толку многу да падне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…