Искусниот напаѓач, Марио Манџукиќ (34) по се изгледа се враќа во Италија.
Манџукиќ се враќа во Серија А, а сега место дресот на Јувентус ќе го носи црвено-црниот на Милан. Споредп оследните информации се договорено и Хрватот ќе потпише договор со „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Калчомеркато“ тврди дека Манџукиќ ги поминал лекарските прегледи и денес или најдоцна утре ќе потпише за лидерот во Серија А.
Во Милан се одлучиле на овој начин да го решат прашањето со вториот напаѓач со што би го растеретиле Златан Ибрахимовиќ.
Последниот ангажман Манџукиќ го имаше во Катар каде што кратко играше за Ал-Духаил. Во Европа настапуваше за Атлетико, Баерн, Волфсбург и Динамо Загреб.