Големи вести пристигнуваат од Италија! Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан до јуни 2023 година, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо!
Повредата на коленото ќе го остави надвор од терените шест до седум месеци, но искусниот напаѓач прифати намалување на платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибрахимовиќ играше во Милан од 2010 до 2012 година, пред да се врати во клубот во јануари 2020 година.
За Росонерите одигра вкупно 159 натпревари и постигна 92 гола и 35 асистенции.
Минатата сезона му помогна на италијанскиот клуб да ја освои шампионската титула по 11 години. На 23 натпревари осум пати се запиша во листата на стрелци.