Уште со самото отварање на зимскиот трансфер пазар веднаш се засилија шпекулациите за евентуалниот трансфер на Филипе Кутињо во Барселона.
Англиските медиуми денес пренесуваат дека Ливерпул нема да отстапи од своите услови и доколку се раздели со Кутињо, тоа со сигурност ќе биде британски трансфер рекорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До овој момент најголема трансфер зделка на Островот е онаа на Пол Погба за кого Манчестер Јунатед плати 105 милиони евра. Се претпоставува дека Ливерпул е спремен да се радели со Кутињо, но само за сума од 130 милиони фунти.
„Сан“ пренесува дека „црвените“ сакаат 100 милиони да бидат платени веднаш бидејќи сакаат да инвестираат во нови фудбалери во јануари. Имено, Јирген Клоп сака веднаш да го добеде играчот на Шалке, Леон Горецка, па поради тоа клубот бара Барселона веднаш да ги плати првите 100 милиони евра.
Наводно, Каталонците се спрмени да платат приближна сума и веќе се договараат последните детали, а според некои извори трансферот на Кутињо може да биде финализиран уште денес или најдоцна утре.
Phillipe Coutinho is 'ready to leave' #LFC today, according to sources
????All #Coutinho news coming straight from our dedicated live blog today!https://t.co/fBQXEV02ZB pic.twitter.com/hmF52pFzmQ
— Liverpool FC News (@LivEchoLFC) January 3, 2018