Дома Фудбал Се врати „BBC“: Нема да верувате кога последно сите тројца постигнаа гол на еден натпревар

Се врати „BBC“: Нема да верувате кога последно сите тројца постигнаа гол на еден натпревар

Се врати „BBC“! Доколку ги погледнеме имињата кои стојат зад победата на Реал Мадрид од 4:0 против Алавес, можеме тоа да го заклучиме.

Кристиано Роналдо и Герет Бејл беа стрелци, а две асистнции и гол запиша и Карим Бензема. Французинот се пробуди во вистински момент и така на најдобар начин му се одолжи на Зидан кој му веруваше и покрај мрачните претстави на теренот. Бензема беше многу критикуван по натпреварот во ЛШ против ПСЖ, а многумина пишуваа дека повеќе не заслужува да се најде во првиот состав на „Кралевите“.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Инаку, за прв пат од април 2016. година секој од славното напаѓачко трио на Реал постигна по еден гол.

„Кралевите“ станаа и првиот шпански клуб оваа сезона кој во сите натпреварувања постигна повеќе од 100 гола. Реал е трет во првенството со 51. освоен бод, четири помалку од Атлетико Мадрид и 11 помалку од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ се огласи по натпреварот на Албанија и Србија – испрати силна порака! (Фото)

Фудбалските репрезентации на Албанија и Србија завршија нерешено (0:0) во првото коло од к…