Денес претседателот на ФФМ Муамед Сејдини имаше свое излагање на генералното собрание.
Сејдини помеѓу другото најави дека верува дека Македонија ќе биде во најдобро издание за бараж натпреварите за Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Изминатата година ја исплативме најголемата премија во историјата на македонскиот спорт и ги наградивме фудбалерите и стручниот штаб за обезбедената можност да играме на Европското првенство.
Немајте сомнеж дека како никогаш досега сме подготвени и финансиски и на било кој друг начин да помагаме уште повеќе во проекти кои имаат за цел да го развиваат фудбалот во Македонија.
И се разбира и јас и сите околу мене сме подготвени да соработуваме со институциите на системот, било да е извршна или судска власт, доколку тоа се бара од нас по дела за кој сме пријавиле сомнение.
На крајот, би сакал да бидеме оптимисти. Европското првенство е остварување на сонот. Јас сум убеден дека македонската репрезентација ќе биде во најдобро издание на плеј-оф натпреварите од Лига на Нации и ќе уживаме во моментите на радост“, изјави Сејдини.
Целото обраќање на Сејдини можете да го прочитате на официјалниот сајт на ФФМ – тука.