Муамед Сејдини кој неодамна беше реизбран и доби нов мандат на чело на ФФМ денес објави видео во кое покажува што се променило со инфраструктурата во Македонија во последните две години.
„Драги Пријатели, во период од 2 години, додека сум на чело на Фудалската Федерација на Македонија, успеавме заедно со мојот тим да започнеме и завршиме нови инфраструктурни проекти, да завршиме дел од претходните проекти. Фудбалската инфраструктура во Македонија се менува , како никогаш досега, интензивно се работи насекаде низ државата. За повеќе детали ве повикувам да го погледенте видеот“, стои во објавата на Сејдини со видеото.