Баражот за Светското првенство помеѓу Италија и Македонија е се поблиску.
Денес во Куќата на фудбалот претседателот на ФФМ Муамед Сејдини се сретна со италијанскиот амбасадор. Сејдини на средбата истакна дека верува во победа, иако Италија е европски шампион.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Натпреварот како што е познато се игра на 24. март во Палермо, а подобриот од овој дуел ќе оди на натпревар против подобриот од Португалија и Турција.