Дома Фудбал Сетиен не попушта: Си ја бара оштетата од Барселона

Сетиен не попушта: Си ја бара оштетата од Барселона

Кике Сетиен доби отказ на клупата на Барселона после дебаклот во Лигата на шампионите против Баерн (8:2).

После нешто повеќе од пола година на клупата Сетиен доби отказ во август минатата година, а на негово место дојде Роналд Куман.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сетиен не потпиша спогодбено раскинување на договорот. Барселона го отпушти и 62 годишниот стратег си ја бара оштетата преку суд.

Барселона не сака да му плати никаква оштета, но изгледа дека ќе мора да го направи тоа. Според информациите на шпанските медиуми. Сетиен би можел да добие од Барселона оштета од 14 милиони евра.

Целиот процес се уште е во тек. Сетиен не сака да се откаже од парите, па Барселона скапо може да го плати неговиот отказ. Барселона Сетиен ја водеше на 25 натпревари и оствари учинок од 16 победи, четири нерешени натпревари и пет победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…