Дома Фудбал Сетиен за Меси: Не можеме сите да мислиме исто!

Сетиен за Меси: Не можеме сите да мислиме исто!

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен го повика Артур во групата за утрешниот меч со Атлетико Мадрид.

И покрај фактот што беше во Италија и стави потпис на договорот со Јувентус, Артур ќе ја доигра сезоната во Барселона, а Сетиен очигледно смета на него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Артур е наш играч и го имам на располагање. Не знам кој што изјавил, но тој е играч на Барселона и ќе се посвети на тимот“, истакна Сетиен.

Сетиен ја коментираше и непријатната случка со Лео Меси после дуелот со Селта.

„Кога нема са победиш сите го вперуваат погледот во тебе. Односите во соблекувалната се добри. Вистина е дека во дадени моменти не мислиме сите исто, но тоа не е ништо страшно. Нормално е да има различни мислења, така е во животот“, истакна тренерот на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлични вести за Флик: Падна важен потпис до 2030 година!

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 г…