И ова утро во центарот на вниманието е црвениот катон кој Роналдо го доби на натпреварот против Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот Јувентус ја победи Валенсија со 2:0, а Роналдо натпреварот го напушти на средината од првиот дел поради доделен црвен картон.
Една од оние кои се огласија после натпреварот беше и сестра му на Португалецот. Таа преку социјалните мрежи го напиша следното:
„Срам за фудбалот. Правдата ќе излезе на виделина. Тие сакаат да го уништат мојот брат, но Бог никогаш не спие. Ќе платат голема цена за овие солзи. Тие сакаат да го спуштат на земја, но нема да успеат.“
Да потсетиме, сега останува да видиме на колку натпревари УЕФА ќе го суспендира Португалецот.