Дома Фудбал Останато Сестрата на Роналдо: Короната е една голема лага, Бог го испрати мојот брат да ги отвори очите на целиот свет

Сестрата на Роналдо: Короната е една голема лага, Бог го испрати мојот брат да ги отвори очите на целиот свет

Кристиано Роналдо вчера се најде во центарот на вниманието откако беше објавено дека е позитивен на коронавирус.

Роналдо требаше вечерва со репрезентацијата на Португалија да игра против Шведска, но остана во шок кога беше објавено дека е позитивен на Ковид-19. Веднаш мораше според правилата да оди во изолација, а вечерва пристигна во Торино каде што чека карантин од најмалку 10 дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откако беше објавено дека Роналдо е позитивен се огласи неговата сестра Катја Авеиро која многумина ги шокираше со својата изјава.

„Верувам дека денес илјадници луѓе кои веруваат во оваа пандемија после денешното тестирање ќе сфатат дека тоа е најголемата измама во историјата. Очигледно Кристиано Роналдо е тој кој мора на целиот свет да му ги отвори очите. Него Бог го испрати многу да направи. Многу повеќе од овој циркус, луѓе ве молам отворете ги очите“, напиша Катја Авеиро на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …