Искусниот дефанзивец Серхио Рамос стана фудбалерот со најмногу настапи во репрезентацијата на Шпанија.
Рамос во саботата во натпреварот против Норвешка го запиша својот 168. настап во дресот на Шпанија и така стана играчот со најмногу настапи во историјата на Црвената фурија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој на оваа листа го помина легендарниот Икер Касиљас и е многу блиску да стане играчот со најмногу настапи во дресот на една репрезентација во светот.
Овој јубилеј Рамос го обележа на емотивен начин. Тој објави фотографија на Инстаграм и објасни поради што го носи дресот со број 15.
Бројот 15 порано во селекцијата на Шпанија го носеше Антонио Пуерта, кој трагично загина во 2007. година. Пуерта и Рамос беа соиграчи во Севиља, а после смртта на Пуерта, Рамос одлучи да го превземе неговиот број во репрезентацијата, кој го носи веќе долги години.
„Пред 13 години и една недела играше за репрезентацијата во Шведска. Требаше да одиграш уште многу натпревари, но знаеш дека секогаш ќе бидеш дел од овој тим. Мојот број 15 е за тебе бидејќи ти го носеше тој број и остана на сите во срцата.“ – порача Рамос.