Серхио Рамос конечно е спремен да направи официјално деби во дресот на ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.




Шпанецот ова лето се пресели во Париз како слободен агент, но поради повреда беше надвор од терените и се уште нема одиграно ниту една минута за новиот клуб.




„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Рамос тренира со своите соиграчи веќе две недели и е спремен да се врати на терените.




Се очекува искусниот дефанзивец да биде дел од групата на повикани играчи за дуелот со Нант во Лига 1. Рамос најверојатно нема да биде во стартниот состав, но се очекува да добие шанса за деби.