Шпанските медиуми се сигурни дека Серхио Рамос на лето ќе го напушти Реал Мадрид и веќе ја открија следната дестинација.
Шпанските медиуми тврдат дека агентот на Серхио Рамос следната недела ќе патува во Англија на финални преговори со Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот на 34-годишниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната, а двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Поради тоа Рамос на лето ќе го напушти Реал како слободен агент, а наводно веќе ја избрал следната дестинација.
Рамос со „црвените ѓаволи“ ќе потпише двегодишен договор и на „Олд Трафорд“ ќе заработува 225.000 евра неделно.
Интерес за Шпанецот покажа и ПСЖ, но Рамос одлучил кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и наводно ќе се пресели на „Олд Трафорд“.