Дома Фудбал Италија Серија А ќе го менува календарот поради Ибра

Серија А ќе го менува календарот поради Ибра

Златан Ибрахимовиќ, заедно со Роналдо, е најголема ѕвезда во Серија А, па лигата ќе го прилагодува календарот поради него.

Организаторите на Серија А планираат да ги преместат датумите на натпреварите од 25. коло затоа што Ибрахимовиќ ќе учествува на музичкиот фестивал Сан Ремо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, натпреварот кој Милан го игра во март а е дел од 25 коло против Удинезе наместо од 20:30 ќе се игра во термин од 19 часот, пренесуваат медиумите од Италија.

Фестивалот е на програмата на почетокот на март, а натпреварите од 25 кола се планирани за 2, 3 и 4 март.

Милан треба да го одигра својот натпревар на 3 март во 20:45 часот, па затоа е одлучено да се премести терминот, за да може Ибра да стигне на Сан Ремо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола лут на правилото поради кое неговото ново засилување не можеше да игра

Манчестер Сити обезбеди место во финалето на Лига Купот каде што ќе се соочи со Арсенал за…