Денес започнува УС Опен, и за многумина во женска категорија фаворитка за титулата е домашната претставничка, Серена Вилијамс.
Американката успеа да се врати меѓу 30-те најдобри на ВТА листата, но шесткратната освојувачка на УС Опен не е претерано оптимистична пред последниот Гренд Слем во сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тоа дека сум фаворит во овој момент, речиси една година по породувањето е прилично интересно. Чувствувам дека се е поинаку, во смисла дека живеам друг живот, играм на УС Опен како мајка. Се е тоа ново“, истакна Серена.
„Ако нешто, чувствувам жештина во стомакот. Многу е тешко да се опише. Мислев дека по породувањето ќе бидам поопупштена, но не сум“, додаде Серена која во 4. коло би можела да се соочи со Симона Халеп.
„Ќе морам да играм. Ако сакам да бидам најдобра морам да ги добијам сите. Ќе продолжам да се трудам“, вели Американката.