Дома Фудбал Сепак Лапорта ги реши проблемите: Барса со Депај и Гарсија уште од стартот на Ла Лига

Сепак Лапорта ги реши проблемите: Барса со Депај и Гарсија уште од стартот на Ла Лига

Барселона на крајот успеа да ги реши проблемите со регистрирањето на новите засилувања.

Се најавуваше дека Мемфис Депај и Ерик Гарсија може да не бидат во протоколот, но медиумите блиску до Барселона денес објавија дека Барселона успеала да ги реши проблемите. Најдоцна до утре двајцата новајлии ќе бидат регистрирани.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Серхио Агуеро нема сега да биде регистриран, но само затоа што е повреден. Барселона ситуацијата со него ќе ја реши до крајот на август. Очекувањата се дека во тој период ќе го намалат буџетот за плати.

Во првото коло од Ла Лига Барселона во недела во 20:00 часот ќе игра со Реал Сосиедад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Грем Потер стана селектор!

Во текот на изминатите неколку дена оваа вест беше тема на разговор, а сега е официјално п…