Дома Трансфер зона Сепак било до парите: Алаба во Реал доби многу повеќе отколку понудата на Баерн

Сепак било до парите: Алаба во Реал доби многу повеќе отколку понудата на Баерн

Давид Алаба е нов играч на Реал Мадрид.

Овој 28годишен играч после 13 години ги напушти редовите на Баерн и потпиша договор со кралскиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Баерн долго се обидуваше да договори нов договор со Алаба, но обидите беа залудни, а Алаба и неговиот менаџер не ги прифатија понудите на Баварците.

Германските медиуми сега тврдат дека Алаба од Баерн барал и до 25 милиони евра. Оваа информација не е потврддена, а понудата на баварскиот гигант била многу помала од тоа што го очекувал.

Сега се појави информација дека Баерн на својот поранешен играч му понудил нето плата од осум милиони евра по сезона. Алаба не ја прифатил оваа понуда и го прифати договорот кој му го понуди Реал.

Кралевите од друга страна за овој фудбалер спремале годишна плата од 12 милиони евра и Алаба на крајот ја избра поголемата понуда и потпиша петгодишен договор со Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Oва би било големо изненадување: Џејми Варди пред неочекуван трансфер!

НОВИОТ италијански прволигаш Кремонезе започна преговори со легендарниот напаѓач на Лестер…