Дома Трансфер зона Сензација од Островот: Лондон е опција за Мбапе?!

Сензација од Островот: Лондон е опција за Мбапе?!

Килијан Мбапе и понатаму се поврзува со заминување од Пари Сен Жермен, но сега не со Реал Мадрид, туку со – Арсенал.

Имено, дел од островските и француските медиуми шпекулираат дека Мбапе би можел да тргне по стапките  на Тиери Анри кој во Арсенал стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Дефинитивно дека Арсенал со Мбапе би се подигнал на едно друго ниво, но прашање е колку финансиски клубот е спремен да го доведе.

Инаку и Анри, како и Мбапе во кариерата играше за Монако, па потоа се пресели од Јувентус во Арсенал. Мбапе од Монако се пресели во ПСЖ од каде што како стојат работите ќе замине летово.

Останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме што ќе се случува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…