Дома Топ вести Сензација на Островот: Мурињо го руши светскиот рекорд, Лукаку наместо во Челзи доаѓа на „Олд Трафорд“

Сензација на Островот: Мурињо го руши светскиот рекорд, Лукаку наместо во Челзи доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед тргна урагански на трансфер пазарот! Откако синоќа беше пренесено дека Алваро Мората е блиску од „Олд Трафорд“, утрово на Островот одекна нова трансфер „бомба“.

Имено, Манчестер Јунајтед е блиску до реализација на трансферот на Рoмелу Лукаку од Евертон за 100 милиони фунти!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Информацијата ја пренесоа сите угледни медиуми на Островот и тврдат дека само детали го делат Лукаку од преселба на „Олд Трафорд“ за 114 милиони евра, што значи дека ќе падне светскиот рекорд на Пол Погба кој минатото лето беше платен 105 милиони евра.

Лукаку неколку месеци беше поврзуван со трансфер во Челзи, Конте го очекуваше на „Стенфорд Бриџ“, но двата клуба никако не можеа да најдат заеднички јазик околу отштетата.

Таквата ситуација успеа да ја искористи Јунајтед, кој е во исклучително добри односи со неговиот агент Мино Раиола, па на големо изненадување Белгиецот наместо на „Стенфорд Бриџ“ ќе заврши на „Олд Трафорд“.

Доаѓањето на Лукаку не исклучува доаѓање на Алваро Мората, бидејќи Мурињо сака да има двајца врвни напаѓачи во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид и Барселона ја следат ситуацијата со Халанд

Според информациите на британските медиумите Ерлинг Халанд сака да го напушти Манчест…