Дома Останати Тенис Сензација во Шангај: Алкараз елиминиран!

Сензација во Шангај: Алкараз елиминиран!

Ретко кој очекуваше дека Чехот Томаш Махач ќе може да направи сензација, но на крајот успеа да слави против Шпанецот, Карлос Алкараз.

Уште од самиот старт на мечот беше јасно дека Махач ќе биде незгоден противник за фаворитот во овој дуел. Иако во мечот влезе нервозно, промашувајќи три последователни форхенди, многу лесно најде ритам и не дозволуваше на Алкараз да го наметне својот ритам.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првиот сет не видовме ниту еден брејк, па победникот се решаваше во тај-брејк каде што Махач беше поуспешен.

Во вториот одлучувачки сет дојде до брејк со 2:1 кој во наредниот сет го потврди, а Алкараз успеа да возврати со израмнувањето на 3:3. Одлучувачкиот брејк чешкиот тенисер го направи за водство од 6:5 и во продолжение на свој сервис само го заврши мечот за полуфинале во Шангај.

Го чека тешка задача Чехот и во полуфиналето бидејќи ќе игра против Јаник Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…