Дома Останати Авто Мото Сензација во Мото ГП: Маркез ќе вози во ист тим со Бањаја!

Сензација во Мото ГП: Маркез ќе вози во ист тим со Бањаја!

Возачот на Гресини во Мото ГП шампионатот, Шпанецот Марк Маркез, на крајот од сезоната ќе се пресели во тимот на Дукати, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Во соопштението се наведува дека Маркез потпишал двегодишен договор со Дукати. Шпанецот ќе вози за Дукати во 2025 и 2026 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Маркез на крајот од сезоната на Дукати ќе го замени Италијанецот Енео Бастианини. Taка од следната сезона ќе вози заедно во исти тим со двократниот светски шампион, Франческо Бањаја.

„Многу ми е драго што во следната сезона ќе ги носам црвените бои на Дукати. Мило ми е што во 2025 година ќе можам да го направам тој голем чекор и благодарен сум што Дукати ми ја даде довербата“, изјави Маркез.

Маркез моментално е на третото место во генералниот пласман на возачи со 136 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…