Дома Останати Тенис Сензација во Мелбурн: Од квалификациите до полуфинале на Австралија Опен!

Сензација во Мелбурн: Од квалификациите до полуфинале на Австралија Опен!

Тенисерката од Украина, Дијана Јастремска сензационално се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово беше подобра од Линда Носкова од Чешка со 6:3 и 6:4.

Јастремска со пласманот во полуфиналето испиша историја бидејќи стана само втората квалификантка во историјата на првиот грен-слем оја стигнала да игра полуфинале. Последен пат една тенисерка направи вакво нешто во далечната 1978 година, па јасно е каков подвиг направи Украинката.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Победата на Јастремска е дополнително изненадување и затоа што Носкова до овој меч играше одлично и ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек.

Во полуфиналето Украинката ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Кивен Женг од Кина и Русинката Ана Калинскаја. На спротивната страна во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Арина Сабаленка и Коко Гоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка „грмеше“ во бикини, но заборави на едно важно правило – доби казна!

Новата ВТА листа не донесе големи промени на врвот, но водечките две тенисерки – Арина Саб…