Веќе подолго време кружат гласини дека Нејмар би можел да се врати во Барселона, од каде минатото лето замина за 222 милиони евра во ПСЖ.
Нејмар не е задоволен на „Паркот на принцовите“. Бразилецот свати дека ПСЖ и понатаму е далеку од европската елита и сака да ја промени средината, а негов прв избор е секогаш Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Луѓето кои се грижат за кариерата на Нејмар разговарале со директорите на Барса, кои им дале детални иструкции, односно поставиле неколку услови.
Првиот е дека мора сам да ги натера Парижаните да го продадат, а вториот е да прифати многу послаб договор од тој што го има во ПСЖ.
„Гол“ пишува дека Нејмар ги прифатил двата услови, па останува само нивната реализација. А, наводно, веќе им кажал на своите пријатели дека наредното лето ќе се врати во Каталонија.
EURO PAPERS: Neymar tells
friends 'I'll be back at Barca in
2019' (via @Eurosport_UK) #ForçaBarça pic.twitter.com/QwPSRpsE3T— FC BARCELONA WORLD ™ (@SupportLeoMessi) November 20, 2018