Дома Топ вести Сензационален трансфер: Лукаку и Конте повторно заедно

Сензационален трансфер: Лукаку и Конте повторно заедно

Ромелу Лукаку може да направи сензационален трансфер од Челзи во Тотенхем, тврди „Газета дело Спорт“.

Белгиецот направи голем скандал откако изјави дека не е среќен во Челзи и дека не му одговара тактиката на тренерот Тухел.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лукаку поради тоа беше исфрлен од тимот, иако Челзи пред неколку месеци за неговиот потпис му плати на Интер 115 милиони евра. Дури и дел од соиграчите му го свртеле грбот на напаѓачот, па не се исклучува негов трансфер.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Лукаку притиска за трансфер во Тотенхем, каде повторно ќе соработува со Антонио Конте.

Под палката на Италијанецот Лукаку ги одигра најдобрите сезони и се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот, па сака повторно да соработува со Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…