Сенегалскиот борач и човек кој го привлече вниманието на ММА Оумар Кејн, познат како Руг Рунг ќе се врати во октагон.
Кејн е шампион на Сенегал во борење и на неговото деби во ММА долго се чекаше. Висок е 196 сантиметри и тежок 120 килограми, а во борењето не знае за пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дебитираше во Дакар, а од престолнината на Сенегал Кејн испрати силна порака до ММА светот. Судијата мораше да ја прекине борбата во втората рунда после страшниот налет на Кејн.
Откако така се претстави во ММА, Руг Руг сега најави нов меч во 2020 година. Договорено е на 3. април во Брисел да се бори против рускиот тешкаш Иван Романов (5-0). За рускиот борец ова ќе биде прва борба надвор од Русија.