Дома Фудбал Останато Семејството на Роналдо со жестоки критики: Бог задоцнува, но не заборава!

Семејството на Роналдо со жестоки критики: Бог задоцнува, но не заборава!

Лука Модриќ вчера ја освои „Златната топка“, а ваквото сценарио не им се допадна на блиските на Кристиано Роналдо.

Најжестока беше сестрата на Роналдо, Елма Авеиро која преку својот Инстаграм профил не бираше зборови кога го критикуваше реномираниот „Франс Фудбал“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според Елма, победата на Модриќ не е заслужена и смета дека своја улога одиграла корупцијата.

„За несреќа ова е свет кој живее од корупција и мафија. Божјата моќ е поголема од сето тоа. Бог задоцнува, но не заборава“, порача Авеиро преку нејзиниот Инстаграм профил покрај фотографијата од Роналдо.

Ќе потсетиме, Роналдо не се појави на церемонијата, а Модриќ во гласањето освои 753 бодови, додека Португалецот се најде на втората позиција со 478 освоени поени.

ronaldo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…