Дома Фудбал Репрезентации Семедов: Во баражот нема лесни противници, Македонија не е случајно тука

Семедов: Во баражот нема лесни противници, Македонија не е случајно тука

Репрезентацијата на Русија заедно со Македонија е една од селекциите кои ќе играат во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Во анализата Русите објаснија дека не ја сакаат Полска, меѓутоа поранешниот руски репрезентативец, Александар Семедов ги предупреди неговите сонародници и на Македонија.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите репрезентации ќе се борат и нема лесни противници. Полска можеби е најтешкиот од групата на неносители. Во секој случај, нема да биде лесно со никого, па и со Македонија која се смета за аутсајдер. Сигурно не се случајно во баражот. Сепак, се надевам дека Русија ќе игра на Светското првенство“, изјави Семедов.

Ждребот за баражот е закажан за наредниот петок од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Искусниот голгетер Ромелу Лукаку, кој поради недоволната физичка подготвеност, нема да бид…