Дома Фудбал Селта, Џирона и Реал Сосиедад се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп

Селта, Џирона и Реал Сосиедад се пласираа во четвртфиналето на Кралскиот куп

Се одиграа уште три натпревари од Кралскиот куп, а пласман во четвртфиналето обезбедија Селта, Реал Сосиедад и Џирона.

Селта победи со 3:1 на Местаља против Валенсија. Тимот од Виго веќе во 18. минута имаше два гола предност преку Де ла Торе и Дувикас, но „Лилјаците“ успеаја да ја намалат разликата во 29. минута по пенал кој Пепела го претвори во гол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Конечниот резултат го постави Дувикас со својот втор гол на гостувањето, а Де ла Торе забележа асистенција.

Како гостин, Реал Сосиедад победи со 2:0 против Осасуна.

Првиот гол за Сосиедад го постигна Ојаразабал во 56. минута од пенал. Конечниот исход го постави Мерино во судиското надополнување.

Вредна победа извојуваа и фудбалерите на Џирона кои на домашен терен го совладаа Рајо Ваљекано со 3:1.

Џирона водеше со 3:0 до 26. минута. Головите за првопласираната екипа од шпанскиот шампионат ги постигна Стуани во 15. и 19. минута и Дени Блинд во 26. минута.

Конечниот резултат го постави Нетко во 36. минута кој го ублажи поразот на гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар: Денеска се чувствувам како таксист!

Изминаа речиси три години откако Белгиецот Един Азар, по бурниот период исполнет со повред…