Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Шпанија застана во одбрана на Пике

Селекторот на Шпанија застана во одбрана на Пике

Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Хуан Лоптеги после критиките од навивачите застана во одбрана на дефанзивецот на шпанската репрезнтација, Жерар Пике.

Кон дефанзивецот на Барселона беа упатени свирежи во текот на тренингот на шпанската репрезентација, бидејќи тој беше еден од најгласните кои ја поддржуваа независноста на Каталонија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Сакав да знам како се чуствува и забележав дека е мотивиран. Доколку не беше така тој немаше да биде тука со нас. Сакам да им порачам на луѓето дека ни е потребна нивната поддршка бидејќи сеуште не сме го обезбедиле настапот на Светското првенство, не би било добро доколку мораме да ги затвараме тренинзите за јавноста“.

„Секој има свои ставови и право на слободно мислење и изразување. Ако неговиот став е таков ние мораме да го почитуваме. Ако тој е тука со нас, значи дека е посветен на националниот тим, Пике е со нас веќе долги години и не би требало да се сомнеавме во него“, изјави Лоптеги.

Пике за репрезентацијата на Шпанија одигра 91 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Фудбалскиот клуб Рома покажа интерес за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк …