Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Малави: Ние сме луѓе од втор ред, сигурно нема да го видите Мане како си ги суши гаќите на грмушка

Селекторот на Малави: Ние сме луѓе од втор ред, сигурно нема да го видите Мане како си ги суши гаќите на грмушка

На Африканскиот Куп на Нации знае да има чудни ситуации, а сега незадоволство истакна селекторот на Малави, Марио Мариника.

Малави вечерва игра осминафинале, а Мариника го критикуваше организаторот и порача дека условите не се исти за сите.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„За појадок не можев да земам млеко, ми кажаа дека готово и да дојдам утре. Не третираат како луѓе од втор ред. Неприфатливо е вакво нешто во денешниот свет. Сигурно нема да го видите Садио Мане како си ги пере гаќите и си ги суши на грмушка. Не се третираат сите тимови исто, ова се случува со малите репрезентации. Немаме ниту доволно храна. Но, ние сме обединети и работиме напорно“, изјави Мариника.

Во битка за свое историско четвртфинале Малави ќе игра против Мароко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Петровиќ стана најскапиот српски голман во историјата

Српскиот репрезентативен голман Ѓорѓе Петровиќ си заминува од редовите на Челзи, но остану…