Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Грузија самоуверен: Со ваква игра одиме на победа и во Скопје!

Селекторот на Грузија самоуверен: Со ваква игра одиме на победа и во Скопје!

Грузија вчера во Разград забележа победа против Бугарија од 2:5 и така со импресивна гол-разлика од 9:2 влегува во натпреварот против Македонија в четврток во Скопје.

Дефинитивно натпреварот во Скопје ќе биде и тоа како важен во битката за првата позиција. Селекторот на Грузија Вили Сањол по вчерашниот триумф беше полн со самодоверба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Моите фудбалери покажаа дека поседуваат победнички менталитет, се бореа за секоја топка во секој дел од теренот. Но, сега овој одличен меч останува зад нас и веднаш ќе започнеме да се спремаме за следниот натпревар со Македонија. Ќе гостуваме во Скопје, а прво ќе треба да се одмориме и да ја вратиме силата. Во Македонија се надевам дека ќе игра ме на нашето ниво и со исти емоции ќе дојдеме до посакуваните три бода кои би ни биле од голема важност“, изјави Сањол.

Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија се игра в четврток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

До одлуката за големиот процес против Манчестер Сити остануваат неколку недели

Манчестер Сити ќе дознае за неколку недели каква е конечната одлука за процесот, поврзан с…