Дома Фудбал Останато Селекторот на Аргентина ги отпиша Дибала и Икарди

Селекторот на Аргентина ги отпиша Дибала и Икарди

Селекторот на аргентинската репрезентација, Хорхе Сампаоли денес даде до знаење дека двете големи ѕвезди, Дибала и Икарди се „отпишани“ за Светското првенство.

Според зборовите на Сампаоли, мали се шансите Дибала и Икарди да се најдат на конечниот список на репрезентацијата која ќе патува на Светското првенство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сампаоли тврди дека двајцата фудбалери добиле шанса, но имапе потешкотии да се адаптираат на соиграчите од националниот тим.

„Не се во целост отпишани, но има малку време да се вратат во националниот тим. Нивните настапи за репрезентацијата се многу послаби отколку во нивните клубови. Знаеме дека Дибала е еден од најдобрите фудбалери на светот, но не знаеше да се адаптира на нашиот стил на игра и на соиграчите во националниот тим“, изјави Сампаоли.

„Што се однесува до Икарди тој во Аргентина е комплетно различен од тој во Интер. Му дадовме шанса, но не успеа да најде заеднички јазик со соиграчите на теренот. Едноставно морам да дадам приоритет на играчите кои се разбираат на теренот. Не можеме да си дозволиме да чекаме некој фудбалер“, изјави Сампаоли.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, беше самокритичен по тешкиот пораз од Манч…