Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел од претстојниот тренинг камп. На тренинг кампот од 15. до 17. февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички.
Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);
Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);
Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија),
– На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови.
– Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите, изјави селекторот Игор Ангеловски. Фудбалерите и стручниот штаб првиот тренинг ќе го имаат на 15. февруари на тренинг ценратот „Петар