Заврши сезоната во Серија А, барем регуларниот дел, откако се одиграа преостанатите шест натпревари од 38.коло, по кои работите се јасни во однос на Европа.
Интересна беше борбата за опстанок, поточно баравме трет клуб заедно со Сампдорија и Кремонезе кој заминува од друштвото на најдобрите и видовме историски момент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Верона беше поразена од Милан со 3:1, Специја беше поразена од Рома со 2:1, па двете екипи сезоната ја завршија со 31 бод.
Според новото правило на Серија А, доколку две екипи во борбата за титулата или опстанокот имаат ист број бодови, ќе се игра мајсторка.
Така во Серија А ќе гледаме уште еден натпревар, а тоа е меч меѓу Верона и Специја за опстанок во друштво на најдобрите.
Почнувајќи од следната сезона Јувентус ќе игра во Конференциската лига, додека Рома во Лига Европа. Така Старата дама од Торино ќе го игра третото најсилно натпреварување на УЕФА.
Веќе е познато дека Аталанта ќе оди во Лига Европа, Наполи е шампион и ќе оди во Лигата на шампионите, а покрај наполитанците во Лигата на шампионите ќе се најдат Лацио, Интер и Милан.
Италија може да има осум екипи во Европа, во случај Фиорентина да ја освои Конференциската лига, следната сезона би отишла во Лига Европа.
Нови членови на Серија А се Џенова и Фросиноне, додека Бари и Каљари ќе се борат за последното место во Серија А во финалето на плеј-офот од Серија Б.