Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Заслужено победивме, но ова е само прво полувреме

Седлоски: Заслужено победивме, но ова е само прво полувреме

Шкупи денес го доби Лапи со 2:0, но впечаток е дека нашиот претставник не доминираше на теренот.

Тоа го потенцираше и тренерот Гоце Седлоски кој сепак испрати честитки до неговите играчи, но и најави подбра игра во реваншот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Вчера кажав дека не чека тежок натпревар со екипа како Лапи. Морам да им честитам на моите играчи, како и до Лапи за фер и коректната игра. Мислам дека заслужено победивме, иако ова е само прво полувреме, имаме уште еден натпревар. Стоиме на земја, очекувам и во реваншот сличен дуел. Како и да е верувам дека имаме доволно време да се спремиме“.

„Во првите 10-15 минути влеговме со мал грч, некои играчи првпат играат вакви натпревари. Но, како што  кажав на крајот дојдовме до победата. Сите мислат дека Лапи е слаба екипа, но не е така. Јас знам како играчите тренираат и што можат, сигурно можеме подобро. Ова е нова екипа, имаме нови играчи, но нема оправдувања кога ќе излезеш на терен тоа е тоа. Имаме седум да се спремиме и да одиграме подобро во Пришитина“, изјави Седлоски.

Фото: Фк Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…