Предводникот на Вардар, Гоце Седлоски го изрази своето задоволство по одиграниот дуел на гости кај Малме.
Вардар ремизираше во Шведска, и во Струмица ќе истрчна со поволен резултат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Седлоски истакна дека и покрај добрата игра, во Струмица ќе биде одигран тежок меч кој ќе го донесе патникот во следната рунда од квалификациите во Лигата на шампионите.
„Моите фудбалери го оставија срцето на теренот. Одиграа одлично и се онака како што беше договорено. Иако имавме шанси да постигнеме погодок и во првото полувреме, ние сме задоволни по ремито на гости. Исто така сакам да потенцирам дека ова за нас е прв дуел во сезоната, за разлика од Малме кои веќе играат на големо во шведското првенство. Шансите се големи, но остануваат уште 90 минути игра. Во следните денови ќе анализираме и ќе гледаме да не ги повториме некои од грешките. Ќе се концентрираме да постигнеме погодок во реваншот. Подготвени сме да се пласираме понатаму“, истакна Седлоски на прес конференцијата по дуелот.