Големата размена на фудбалери помеѓу Интер и Рома и официјално пропадна, пренесуваат медиумите на Апенините.
Како што е познато, „нероаѕурите“ требаше да го добијат левиот бек Леонардо Спинацола, а на „Олимпико“ да го испратат Матео Политано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Политано успешно ги помина лекарските прегледи во Рома и дури позираше со шал на „волчицата“. Во меѓувреме Спинацола има потешкотии да ги мине лекарските прегледи во Интер бидејќи е во повреден во моментов.
Интер и Рома ги обновија преговорите и трампата требаше да се реализира под други услови. Имено, фудбалерите требаше да пристигнат на позајмица со задолжителен откуп од 25 милиони евра доколку запишат 15 настапи до крајот на сезоната.
Меѓутоа, Интер во меѓувреме го договори Ешли Јанг кој игра на позицијата на Спинацола, па трампата и официјално пропадна.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Политано го напиштил Рим со солзи во очите и ќе се врати во Милано, но тешко дека ќе остане во Интер.
Niente scambio #Politano–#Spinazzola, saltato l'affare tra #Inter e #Roma.
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) January 17, 2020
Manca l'accordo sulle presenze per il riscatto, pessimismo sul buon esito dell'operazione.#SportMediasethttps://t.co/fs5H3pc8w6 pic.twitter.com/lpMq3Pc7Qf