Она што беше потврдено во текот на денот, сега и се официјализираше, Килијан Мбапе е нов фудбалер на ПСЖ.
После тешките преговори ПСЖ и Монако конечно успеаа да се договорат. Иако при потврдата се шпекулираше дека ПСЖ ќе употреби поинаков метод, сепак тој пристигнува на позајмица со опција неговиот договор да биде откупен на крајот од сезоната за сума од 145 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако неговиот договор ќе биде откупен, Мбапе ќе потпише договор со ПСЖ до 2022 година.
Со тоа трансферот на Мбапе е втор најголем во историјата, веднаш зад неговиот соиграч од ПСЖ, Нејмар кој ова лето пристигна од Барселона за сума од 222 милиони евра. Но тоа не е се, ПСЖ доколку фудбалерот исполни одредени услови ќе мора на Монако да му исплати дополнителни 35 милиони евра во вид на бонуси, со што трансферот ќе стигне до сума од 180 милиони евра.
⚡️? #BienvenueKylian
Posted by PSG – Paris Saint-Germain on Thursday, August 31, 2017